УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ
Политика за приватност на податоци
Бучан презема мерки на претпазливост за да ги заштити личните податоци на корисниците во согласност со позитивните законски прописи. Со цел да обезбедиме тајност и заштита на личните податоци за субјектите, применуваме соодветни технички и организациски мерки за заштита од случајно или незаконско уништување на личните податоци, или нивно случајно губење, преправање, неовлaстено откривање или пристап и заштита од какви било незаконски облици на обработка во согласност со Законот за заштита на личните податоци.
Со пристапот или со користењето на веб страната на Бучан, корисникот потврдува дека ги прочитал, разбрал и дека се согласува со сите услови на Политиката за приватност и со начините на користење на веб страната www.buchan.mk Доколку корисникот не се согласува со овие услови го молиме да не пристапува на веб страната.
Оваа Политика за приватност може да биде изменета во кое било време со објавување на изменетиот текст на Политиката за приватност на веб страна.
Политика за достава и рефундација
Нарачки во Скопје:
За нарачки над износ од 1000денари доставата е бесплатна.
За нарачките чиј износ е помал од 1000 ден, се наплатува фиксен надоместок за достава во износ од 80 ден.
За достава надвор од Скопје:
Се испраќа по карго тоа што износот го сноси купувачот.
Поврат на средства:
Можност за замена или рефундација на средствата
Нашата служба ќе се погрижи за вашите заменски пратки, како и за тоа навремено
да се изврши рефундација на вашите средства.
Времетраењето на замена на пратка или рефундација на средства може да трае до 15 работни дена. Трошоците за замена на производот се на сметка на купувачот освен доколку производот е оштетен при купувањето.
Производот кој што е нарачан онлајн и е примен од курирската служба, потребно е истиот да го проверите веднаш по приемот
Ви Благодариме што купувате кај нас.